Норвешките острови кои секој треба да ги види барем еднаш: Рај за фотографи, велосипедисти и вљубените во природата

11 јануари, 20220
62218779-lofoten-norveska

Кога го видовме Лофотен, архипелаг кој е дел од прекрасната Норвешка, автоматски додадовме уште една работа на нашиот „bucket list“. Да, не е најлесно до нив, тие се наоѓаат на северозападот на Норвешка, но тие се и рај за фотографите, велосипедистите, тркачите и сите останати љубители на природата. Ова се само некои од причините зошто би било вредно да отидете во Лофотен и да поминете малку време на нив…

Поларна светлина

Да, не е ново колкумина кои сакаат да го видат овој природен феномен доаѓаат на север од Норвешка, бидејќи тоа е една од најдобрите локации за „фаќање“ на поларната светлина. Токму над овој архипелаг минува Аурора Бореалис, па шансите за фаќање на светлината се доста добри, а можно е да се види во периодот од август до април.

Пешачење

Кој е во форма ќе згреши ако не реши да пешачи до врвот Рајнбринген. Добро, нема да биде прошетка, бидејќи тоа е тричасовно напорно искачување. Самиот врв не е меѓу најголемите на архипелагот, но нуди спектакуларен поглед. Затоа, штом ќе се искачите овде, седнете и уживајте во погледите на фјордовите, ридовите…

Рајнбринген

Исто така, вреди да се оди на плажата Horseid, иако патот до неа обично води низ планините. Тука природната убавина доаѓа до полн израз, бидејќи е плажа со бел песок опкружена со високи гранитни карпи.

Сурфање

Звучи малку неверојатно, но да, некои луѓе сакаат да сурфаат не само на убаво и топло, туку и на студено време, па овој архипелаг се етаблираше како една од најдобрите дестинации за сурфање на ветер на студено море, со океански ветар и убава глетка. Најубавото место за сурфање е Унстад, а бестрашните сурфери доаѓаат на островите во есен и зима, додека почетниците сепак избираат помирни летни бранови.

Фотографија

Многумина доаѓаат овде само за да ја фотографираат убавината околу себе и да создадат вистински мали ремек-дела. Најпознатото и најфотогенично место секако е Хамној, кој со црвените куќички (колиби), ридовите во позадина и води насекаде наоколу, целосно го буди духот на Лофотен.

Плажата Скансганден е и место каде постојано ќе слушате „клик“.

Сместување

За гостите со подлабок џеб, најдобро решение е Thon Hotel Svolvaer. Тоа е прекрасен хотел и глетката додека појадувате е волшебна. Сепак, тоа си има своја цена, па тука дефинитивно нема да најдете соба за помалку од 150 евра од ноќевање.

Се разбира, можете да најдете и друго сместување, но генерално, цените за сместување во овој архипелаг не се многу популарни. Сепак, секогаш треба да ѕирнете во пространоста на различни специјализирани сајтови на интернет, и можеби ќе ви се посреќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *