ОВАА УТРИНСКА НАВИКА ОТКРИВА ВАЖНА ЦРТА НА ВАШИОТ КАРАКТЕР! Каков ви е креветот, таков ви е животот

popara25 јануари, 20221min00
511821_xstock-photo-white-bedroom-interior-scandinavian-design-d-illustration-1934913398_f

Иако местењето на креветот по будењето не е голема работа, многу луѓе избегнуваат да го прават тоа

Некои сметаат дека тоа е губење време бидејќи и онака на крајот од денот повторно ќе легнат во него, други едноставно се мрзливи, а трети стануваат доцна и брзаат за други обврски. Светските психолози сметаат дека местењето кревет не е само доказ за вредност и уредност, туку дека има многу подлабоко значење од самата навика.

– Внимателното затегнување на чаршафите, местење перници, уредно ставање на ќебињата кажува многу за луѓето. А оние кои го поставуваат секое утро имаат свои причини зошто го прават тоа – велат експертите.

Еве што значи оваа утринска рутина за многумина.

  1. Сакаат да се чувствуваат корисно

Оние кои оставаат внимателно затегнат кревет кога излегуваат од спалната соба имаат чувство на задоволство што од утрото направиле нешто корисно. Поради тоа работниот ден го започнале малку горди на себе и таа енергија ги одржува во текот на работниот ден. Затоа до вечер ќе се обидат да завршат уште некои задачи бидејќи се чувствуваат добро.

Дисциплина

Доколку немате навика да го местите креветот, а неодоливо сакате да ја усвоите, експертите велат дека се потребни 66 дена за една задача да стане навика и рутина.

  1. Состојба на умот

Некои велат дека креветот е одраз на личноста, па затоа уредниот кревет значи уреден живот. Оние кои сакаат наместен кревет, сакаат да имаат ред во животот и не сакаат изненадувања.

  1. Одраз на среќа

Колку и да изгледа чудно, истражувањата покажале дека овие две групи луѓе имаат различни погледи на животот и среќата. Во едно истражување, 70 отсто од луѓето кои го местат својот кревет секое утро изјавиле дека се оптимисти, задоволни и среќни со својот живот и дека би промениле само неколку работи, материјални работи како автомобили или мебел. Повеќе од една третина од оние кои се навикнати да не го средуваат креветот живеат сами, не се задоволни од својот статус и би сакале да го сменат своето работно место и место на живеење.

  1. Контролори

Луѓето кои го местат својот кревет наутро сакаат да го имаат животот под контрола, а креветот е само еден детаљ во таа загатка.