ПРИНЦОТ ХАРИ НАПРАВИ ПОТЕГ КОЈ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: По скандалите и кавгите со кралското семејство, го направи ОВА!

popara25 јануари, 20221min00
269353_profimedia0606209413_ls

Принцот Хари во последните денови редовно разговара со својот татко, а се чини дека решил да го промени пристапот кон кралското семејство.

Војводата од Сасекс наводно редовно се слуша со неговиот татко, принцот Чарлс и тие се во добри односи пред платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, пишува Дејли Мејл.

Принцот Хари (37), кој пред две години се пресели во Америка со сопругата Меган Маркл, најверојатно ќе биде присутен на големата прослава на кралицата ова лето. Тој сака и неговата сопруга Меган и нивните две деца Арчи и Лилибет да му прават друштво.

Прашањето за неговото враќање во Обединетото Кралство беше повлечено откако неговите адвокати неодамна покренаа постапка против британската полиција, за која рекоа дека не сака да ги заштити Хари и неговото семејство додека тие биле во Британија.

Princ Hari

Се претпоставуваше дека овој потег дополнително ќе ги усложни и онака заладените односи меѓу пребегнатиот принц и неговото семејство, но изгледа дека Хари решил на сите да им пристапи на поинаков начин.

“Односите меѓу Хари и Чарлс се подобруваат. Тие многу подобро се сложуваат и редовно се слушаат преку видео повици. Хари веројатно жали за се што му ја уништи врската со семејството и се обидува повторно да се зближи”, изјави извор близок до кралското семејство за „The Sun“.

Princ Čarls

Инаку, принцот Хари и Меган Маркл веќе две години му задаваат главоболки на британското кралско семејство, откако решија да се откажат од сите кралски должности.

Во интервјуата кои потоа ги даваа, изнесуваа бројни детали за животот во палатата, а Хари долго време бил во лоши односи со својот брат Вилијам и целото семејство.

Се претпоставува дека се ќе се промени, но се зависи од неговите постапки и дали семејството ќе му прости.