Одење и слабеење: Едноставна рутина од 60 минути која ќе согори куп калории

18 јануари, 20220
62221577-setnja-hodanje

Кога некој ќе ви каже дека одењето не е тренинг, не го слушајте. Секоја активност е добра активност, а истото важи и за пешачењето, кое може да ви помогне да ги постигнете целите поврзани со стекнување кондиција и слабеење.

За повеќето луѓе, одењето повеќе ќе одговара од трчањето. Меѓу другото, бидејќи пешачењето може да потрае подолго од трчањето, спротивно на популарното верување, пешачењето е ефикасен начин за согорување на маснотиите.

Едно истражување ги проучувало ефектите на одење на дебели жени во период од 12 недели и покажало дека тоа е особено ефикасно во намалувањето на висцералните маснотии (маснотии на стомакот) што го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

Затоа се препорачува пешачење за сите кои страдаат од дебелина, но и за оние кои немаат претходно искуство со вежбање.

Тренерот Еш Вилкинг за сите желни активности состави предлог за рутина одење, која исто така ќе биде одлична за согорување калории.

Тоа е рутина која трае 60 минути и се состои од три дела.

1. Загревање (12 минути)

Одете една минута побрзо од вообичаеното, а потоа трчајте 30 секунди на место со кревање на колената колку што е можно повисоко или клоцајќи го задникот со петиците.

Повторете ги овие две вежби наизменично 8 пати.

2. Одење со различни темпо (40 минути)

Одете со побрзо темпо три минути, а потоа полека две минути. Повторете осум пати.

3. „Ладење“ (8 минути)

Одете со постојано бавно темпо 8 минути.

И тоа е тоа. Ова е активност на која не и пречат ниту ниските температури. Всушност, облечете се убаво, уживајте во прошетката и гарантираме дека ќе се чувствувате одлично еден час подоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi