Како да спречиме МАСКАРАТА да ни се размачкува според совети на шминкерите

18 јануари, 20220
9cd5f326259d7ca513c7e7be4f3ad88f9461a496

Дали ви се случува маскарата да ви се „преслика“?

Маскарата целосно ја прави шминката, понекогаш доволно само тоа и нема да ви треба ништо повеќе од шминка. Сепак, по неколку часа носење, маскарата речиси секогаш се размачкува на кожата под очите. Тоа нè нервира, па се трудиме да го поправиме и така одиме во круг.

Маслото на нашата кожа или кремастите производи кои се нанесуваат околу очите прават пигментот од маскарата да се пренесе на кожата, дури и откако маскарата ќе се исуши, истакнуваат шминкерите.

Дури и ако нашата кожа не е природно мрсна, потта и топлината можат да предизвикаат пресликување на маскарата.

Пред да започнете со шминкање, шминкерите препорачуваат чистење на лицето од природните масла. Нанесете хидратантна формула за лице што не е премногу густа и избегнувајте да ја нанесувате доволно блиску за да ја достигнете линијата на трепките. Потоа почекајте кожата да го впие кремот пред да нанесете шминка.

Кога е време да нанесете маскара, се препорачува да се започне со чисти трепки. Ако вашите трепки имаат минимални остатоци од маскара, поголема е веројатноста да се размачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi