Ријана како „девојка од соседството“: Голем дуксер, искинати фармерки, а патиките на Луј Витон чинат ВИСТИНСКО БОГАТСТВО (ФОТО)

18 јануари, 20220
8cab2d56a14988f62957d8147cfefb74ad5daec1

Њујорк се забеле под снежни покривки во една зимска ноќ, а Ријана реши да ја искористи вечерта за прошетка.

Познатата Рири најчесто ја гледаме во гламурозни модни комбинации направени за црвениот тепих или друг јавен настан, но како триесет и тригодишната пејачка се облекува приватно е сосема друга приказна.

Ријана сака лежерен изглед, тренерки, патики и фармерки и одлично го носи тоа.

За време на една вечерна прошетка низ Њујорк, таа носеше искинати фармерки, обичен син дуксер и темно зелена јакна (многумина коментираа дека тоа е тип на јакна за дедовци). Секое парче облека е удобно и идеално за пешачење. Опуштена фризура, со лабави локни кои и паѓаат преку рамениците, го придружуваше овој секојдневен изглед на пејачката.

Screenshot 2022-01-18 140627
Screenshot 2022-01-18 140648

Ќе помислите дека Ријана изгледала како просечна девојка од нашите улици, но пејачката сепак имаше еден „кец во ракавот“. Станува збор за дизајнерски патики, на модната куќа Луј Витон. Овие бели патики-чизми чинат неверојатни 3.900 долари, а на веб-страницата на модната куќа стои дека се работи за машки модел.

И така Ријана се стутка во машка комбинација, огнено скапа, би рекле.

Како ви се допаѓаат модниот избор на Ријана?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi