Од глава до пети – Валентино: Ен Хатавеј во разиграно издание кое може да им парира на оние од „Ѓаволот носи Прада“

19 јануари, 20220
334276_en-hatavej-profimedia0653678301_ff

Оскаровката Ен Хатавеј ја започна 2022 година на супер трендовски начин – од кој не би се засрамила ни Енди Сакс од филмот „Ѓаволот носи Прада“!

Кога младата новинарка стана вистинска модна икона, самата Ен спонтано стана препознатлива како актерка која ретко се појавува на црвениот тепих и модните настани, но кога се појавува – блеска.

Тоа го направи и сега на Инстаграм, кога нејзиниот урбан стајлинг многумина потсети на ликот на Енди, кого го глумеше во 2006 година.

En Hatavej

На фотографиите Ен е облечена во мини фустан со цветен дезен, со многу ефективна бела јака. Со себе понесе црни најлони и многу тренди чизми до глужд со платформа, а сето тоа го зачини со екстра предимензиониран капут во темносина нијанса и жолта чанта. Фустанот и чантата се со потпис на модната куќа Валентино, па не е чудно што двете парчиња ги воодушевија љубителите на модата, а самата Ен им се заблагодари преку Инстаграм.

Оваа комбинација беше направена уште пошик со изборот на фризура – не може да има ништо подобро од опавче.

Цел Инстаграм ова нејзино издание го спореди со некои од култните стајлинзи од филмот „Ѓаволот носи Прада“, а се чини дека Мерил Стрип не би имала на што да се жали.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *