
Одлична е ако одите на плажа или за некоја дневна облека
Затворете ги очите и за момент замислете дека ја поседувате истата чанта што ја носела принцезата Дијана помеѓу 1981 и 1982 година.
Не случајно меѓу сите можни детали, чантата е таа која продолжува да го пренесува стилот на принцезата, кој оттогаш се повторува во недоглед. Доволно е да се каже дека на Дијана и се посветени три модели на чанти кои подоцна ќе останат во историјата, пишува „Elle Italia“.
Лејди Диор и денес е амблем на француската куќа, но не е единствениот. Салваторе Ферагамо и Тодс и посветија свои модели на принцезата од Велс, кои таа ги носеше толку многу што беше невозможно да не ги наречат по неа.
Но, сега доаѓа забавата. Неодамна повторно беше откриен еден од нејзините омилени модели – прошиена цветна чанта што ја забележа Бланка Миро. Непотребно е да се каже дека тоа била љубов на прв поглед.

Оваа чанта е потпишана од францускиот бренд „Souleiado“, основан во 1939 година, чија традиција датира од 17 век. Принцезата Дијана го купила овој модел (и уште четири други од истата колекција) во продавница во Фулам Роуд, за околу 30 фунти поединечно.
Во 2020 година, „Souleiado“ сакаше повторно да го лансира овој иконски модел што придружуваше многу изданија на принцезата во 80-тите. Чантата, која е украсена со провансалски цветен дезен, се вика „Adiana“ и се продава на платформата „Gucci Volt“.


