ПОЗНАТАТА АКТЕРКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ! Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед! (ФОТО)

popara26 јули, 20221min00
587168_jenap_f

Популарната актерка Џенифер Анистон објави жешка фотографија на Инстаграм, а со тоа ја воодушеви машката публика

Штом отвори профил на Инстаграм, познатата актерка Џенифер Анистон стана една од најследените јавни личности на оваа социјална мрежа, па секоја нејзина нова објава буквално ги „уништува“ сите претходни.

Ѕвездата на омилената серија „Пријатели“ објави фотографија во костим за капење и делумно го покажа рајот во кој ужива на одмор, но и маѓепса со својот сосема природен изглед.

Без филтри, без апликации, без никакво разубавување кое во денешно време го користат речиси сите јавни личности, Џенифер покажа дека одлично ги носи своите години.

Нејзината „морска фризура“ им е омилена на обожавателите, а не престануваат да и испраќаат комплименти. За само 15 часа фотографијата доби повеќе од милион лајкови.

Џенифер Анистон отсекогаш била во топ форма. Иако посветувала најмалку 20 минути дневно на вежбање, едно утро се разбудила и се се променило.

„Обично, станував, без разлика што работев, и имав најмалку 20 минути да вежбам, а потоа поради некоја причина, моето тело рече дека не сакаше повеќе да го правам тоа“, изјави Анистон за „Shape Magazine“.

Таа призна дека нејзиното тело се променило во шестата деценија од животот.

„Телото ми е малку помеко од вообичаено, и тоа е во ред. Само оставам да биде тоа што е.“

Џенифер останува верна на пилатесот, кој има бројни здравствени придобивки. Вежбала речиси секој ден, или пет до шест дена во неделата.