
Актерската двојка Мила Кунис и Ештон Кучер испратија поддршка до Украинците погодени од војната.
Холивудската актерка Мила Кунис (38) за прв пат се огласи по нападот на Русија врз нејзината родна Украина.
Мила и Ештон започнаа кампања GoFundMe за собирање средства за Украинците погодени од руската инвазија и донираа 3 милиони долари.
„Додека сме сведоци на храброста на Украинците, сведоци сме и на незамисливиот товар на оние кои решија да одат на безбедно. Ова собирање средства ќе им помогне на бегалците“, вели парот во видеото што го објавија на Инстаграм.
„Родена сум во Украина во 1983-та година. Дојдов во Америка во 1991 година и отсекогаш се сметав себеси за Американка. Горда сум. Благодарна сум за се што направи оваа земја за мене и моето семејство. Но, сега не можам да бидам погорда што сум Украинка“, рече Мила и додаде:
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
„Ова што се случува во Украина е поразително. Нема место на овој свет за ваков неправеден напад врз човештвото.“
„Украинците се силен и храбар народ, но само затоа што се силни и храбри не значи дека не се достојни за поддршка. Мораме да го поддржиме народот на Украина“, заклучи Мила Кунис.
Ештон додаде дека никогаш не бил погорд што е во брак со Украинка, додавајќи колку е важно да им се помогне на Украинците кои страдаат поради руската инвазија.
Инаку, Ештон Кучер и претходно ја поддржа Украина на социјалните мрежи, а неодамна испрати порака и до Русите.
„Ако познавате некој од Русија, јавете му и кажете му дека нивните медиуми ги лажат. Украинците не сакаат да војуваат, тие едноставно не ја сакаат власта на Путин и не сакаат да бидат окупирани“, напиша актерот.