Ослободете се од бубачките засекогаш со оваа СМЕСА: Комарците и другите инсекти ќе бегаат од вашата куќа

1 јули, 20220
Screenshot_5

Сигурно веќе ги имате сите состојки дома

 

 

Кога ќе дојде убавото топло време, нашиот главен и единствен непријател се инсектите. Колку и да сакаме да уживаме, бубачките не ни даваат мир.

 

За среќа, со овој трик повеќе нема да имате вакви проблеми. Сѐ што треба да направите е да ја пребарате кујната бидејќи веројатно веќе имате сѐ дома.

 

 

Состојки:

 

  • Два лимона
  • две лимети
  • неколку гранчиња рузмарин
  • десет капки есенцијално масло од еукалиптус
  • малку вода
  • лебдечка свеќа

 

Постапка:

 

Во мала чаша ставете вода, лимон, лимета и рузмарин. Додадете еукалиптус и одозгора ставете ја лебдечката свеќа.

 

 

Каранфилчето и лимонот се спас од овие крвопијци

 

Исечете неколку лимони или лимети на половина и забодете околу 10 каранфилчиња во центарот. Распоредете го лимонот низ станот, каде поминувате најмногу време, и тоа е тоа.

 

Течност против оси и стршлени

 

За овој рецепт, треба да направите дупки во капакот на теглата. Ставете го медот на дното на теглата и разредете го со малку вода или додадете една лажица џем. Инсектите ќе бидат привлечени од слатката миризба, ќе влезат низ дупките, но нема да можат да се откачат од смесата од мед. Променете ја теглата по потреба.

 

Против разни бубачки

 

Состојки:

 

  • 30 мл маслиново масло
  • по една капка есенцијално масло од цитронела
  • еукалиптус
  • нане
  • чајно дрво

 

Измешајте ги сите состојки во тегла, додадете малку вода и измешајте – само внимавајте смесата да не ја држите блиску до очите, дури и додека ја правите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi