5 причини зошто мажите се заљубуваат во постари жени

1 јули, 20220
muvanje-830x0

Сте се запрашале ли зошто постарите девојки се повеќе посакувани од помлади момци од нив? Тоа е вистина зад која се кријат повеќе причини, како што се: зрелоста, искуството, самодовербата и реалноста. Сигурно сте слушнале дека размислувањето се менува брзо, а проблемите ќе нè научат поинаку да гледаме на врската. Параноичните ситуации, отсуството на разбирање и сочувствување, неправилните совети се само поттикнувачи вашето момче да ја напушти врската.

 

 

 

Пет најчести причини зошто момците сакаат постари девојки:

 

  1. Имаат поголема самодоверба. Како што минуваат годините сè подобро се запознаваме себеси и самодовербата во нас расте. Поради тоа девојките и жените во позрели години кои се постари од својот партнер изненадуваат со своето однесување. Поретко се забележува очај кај нив, живеат свој живот, имаат поголема храброст и не поставуваат услови и барања до партнерот за да им докаже дали е верен или дали е среќен со нив.
  2. Повеќе внимаваат на својот изглед. Како што старее, жената сè повеќе посветува внимание на себеси. Редовното користење на козметички средства, вежбите за затегнување на опуштените делови, посебно избраната облека прават да изгледаат попривлечно од било кога.
  3. Се поискусни. Кога девојката е постара од момчето, таа знае како да се однесува во некои тешки ситуации, чие однесување ќе помогне за решавање на проблемот. Иако момците се посилниот пол, некогаш и тие имаат потреба да се потпрат на некого и да побараат помош.
  4. Подготвени се за посериозна врска. Помладите девојки често го избегнуваат разговорот за брак и семејство, сакајќи да достигнат убава работна позиција, добро образование, повеќе искуство и нови авантури. За разлика од нив повозрасните девојки го поминале тој период и се подготвени да влезат во нова фаза од својот живот.
  5. Имаат реална слика за животот. Бројните фантазии за иднината и неоснованите желби се причина тој да се оддалечи од вас. На момците не им е потребен прекрасно замислен живот, тие сакаат да го живеат животот и реално да согледуваат. Реалноста во постапките, идеите, размислувањата, советите, разговорите кои се карактеристики на повозрасните жени е вистинска мамка за мажите кои бараат сродна душа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi