ОТКРИЕНО ЗОШТО МАЖИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ КОНДОМИТЕ: Често тврдат дека тоа го расипува ЗАДОВОЛСТВОТО, но вистината лежи во НЕШТО ДРУГО!

20 ноември, 20220
676

Многупати сме имале можност да слушнеме дека сексот со кондом не е толку пријатен како сексот без него, и дека, иако ова е најдобрата форма на заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост, многу мажи попрво би избегнале да го користат.

Прашањето зошто мажите не сакаат кондоми со години збунува многумина, а една студија ја разгледа оваа тема и дојде до интересни информации. Верувале или не, проблемот е во големината. Многу производители прават кондоми со основна, или стандардна големина, која не може ни да одговара на големината на просечниот машки генитален орган.

Оваа студија покажа дека просечниот пенис во ерекција е околу 2,5 сантиметри пократок од стандардната големина на кондом, а стандардната големина е долга 17 сантиметри.

– Идејата беше дека кондомот мора да биде доволно долг за да одговара на мнозинството мажи, а оние на кои кондомот им е голем може да го остават завиткан на крајот – објаснува експертот за сексуално здравје Деби Хербеник.

Таа спровела студија во која учествувале 1.661 маж. Резултатите покажале дека 83 отсто од мажите имаат проблем со големината на кондомот кој најмногу се произведува.

Просечната должина на алатката е 14 сантиметри, а неодамна беа објавени најновите статистички податоци поврзани со просечната должина на пенисот во ерекција низ Европа. Холанѓаните можат да се пофалат со најголемиот машки генитален орган со просек од 15,87, веднаш под нив се Французите со 15,74, а најмал имаат Романците чија просечна должина е 12,73 сантиметри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *