ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА СЕ СВРШИ?! Прстенот го носи САМО ДОМА, а нејзиниот избраник е ПОПУЛАРЕН АКТЕР!

popara1 јули, 20221min00
137488_tan2015-5-18-55459924-0_f

Познатата пејачка Тејлор Свифт се сврши со својот долгогодишен партнер, актерот Џо Алвин. Двојката реши се да држи под тајност

Како што пишуваат британските медиуми, вереничкиот прстен го носи само зад затворени врати, а за свршувачката ги известиле само најблиските пријатели и семејството.

Тие почнаа да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако се запознале на Мет Гала во Њујорк.

– Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие всушност се свршени веќе неколку месеци, но им кажаа само на најблискиот круг на луѓе – буквално само на семејствата и старите пријатели на кои им веруваат. Сите се заколнаа дека ќе го чуваат тоа во тајност – рекол изворот.

Патем, во мај, Тејлор Свифт стана почесен доктор по ликовни уметности на универзитетот во Њујорк. Претставниците на овој универзитет ја опишаа Свифт како „една од најуспешните и најславните уметници на нејзината генерација“.