Прашања кои треба да ги поставите на партнерот пред да стапите во брак!

12 март, 20220
shutterstock359569793-830x0 (2)

Љубовните експерти веруваат дека пред бракот, партнерите треба да се прашуваат и заеднички да размислат за тешки прашања кои можат да им помогнат да ја изградат основата за стабилна врска.

Тие обично ги советуваат паровите да разговараат со партнерот пред брак за тоа дали и двајцата сакаат деца, во што веруваат, дали имаат финансиски долгови…

Но, има и други прашања кои откриваат многу за тоа што се очекува од бракот и заедничкиот живот. Ви претставуваме само дел од нив.

1. Како се решаваа несогласувањата во твоето семејство?

Ова прашање ќе ви даде увид дали вашиот партнер ќе го имитира моделот на односите од своето семејство или ќе се обиде да го избегне.

2. Дали имаш апсолутна доверба во мене?

Довербата е тоа прекрасно чувство што го имате кога сте покрај некој кој делува како олицетворение на вашиот дом. Факт е дека сите влегуваме во врски со одреден багаж од минатото кој сакале или не, станува дел од нашата нова врска.

Затоа довербата е сржта на секоја врска, особено бракот. Довербата е клучна за успехот и задоволството во бракот, но во исто време е многу кревка. Откако ќе се изгуби, тешко е да се обнови.

3. Колку нашите семејства ќе влијаат на нашите животи?

Во првиот период од врската сите се трудат да остават добар впечаток кај родителите на партнерот. Но, поради тоа често не водат сметка колку време ќе поминат со нив на долг рок и како тоа се вклопува во нивната врска.

Затоа, советуваат љубовните експерти, треба отворено да разговарате со партнерот за тоа колкаво влијание ќе има вашето семејство на вашиот заеднички живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi