
Блогерката за храна Елоиз на својот Инстаграм профил сподели еден рецепт кој е феноменална верзија на чизкејк со бело чоколадо!
Таа користи мелени бисквити, путер, крем сирење, шеќер во прав, слатка павлака и бело чоколадо за да направи чизкејк кој многумина сигурно ќе го пробаат …
Состојки:
За кората:
350 гр мелени бисквити
175 гр путер
За фил:
350 мл слатка павлака
250 гр бело чоколадо
500 гр неутрално крем сирење
120 гр шеќер во прав
Прелив:
250 гр бело чоколадо
200 мл слатка павлака
Подготовка:
Измешајте мелени бисквити и стопен путер за да направите кора. Потоа истурете во калап со дијаметар од 24 см и израмнете ја кората.
Фил: Во едниот сад изматете ја слатката павлака во густ шлаг, а во другиот крем сирењето заедно со шеќерот во прав и стопеното бело чоколадо и соединете се заедно за да добиете уникатна смеса. Нанесете над кората и израмнете со лажица.
Оставете во фрижидер најмалку 5 часа за добро да се стегне.
Прелив: На пареа растопете го белото чоколадо, додадете ја неизматената павлака, па измешајте сè за да добиете кремаст прелив. Со глазурата прелијте ја изладената торта и израмнете.