ПРВО ПОЈАВУВАЊЕ НА РИЈАНА ВО ЈАВНОСТА ПО ПОРОДУВАЊЕТО: Се камуфлираше, сите зјапаат во деталот на главата – не може без ШОКАНТНО облекување!

4 јули, 20220
rijana

Ријана за прв пат се појави во јавноста по породувањето и уште еднаш докажа колку е екстравагантна кога е модниот стил во прашање.

Познатата пејачка за време на бременоста предизвика бура во јавноста и поделени мислења. Повод за коментирање беше нејзиното облекување, за кое многумина сметаа дека е непримерно за една трудница.

Секогаш го откриваше трудничкиот стомак, носеше машки гаќи, а во една прилика откри зошто не поднесува трудничка облека. Ријана сега за прв пат по породувањето се појави на фестивалот „Wireless“ во Лондон и уште еднаш докажа дека секогаш ќе предизвикува коментари за нејзиниот моден вкус.

Ријана дошла да му даде поддршка на своето момче, АСАП Роки, а папараците ги уловија во берберница во лондонската населба Кристал Палас, пред неговиот настап на фестивалот. Многумина чекаа да видат како изгледа Ријана по породувањето, но пејачката буквално се камуфлирала во огромна пуф јакна.

 rijana

Она што сите го забележаа беа пердувестите очила кои Ријана ги носеше. Шик изданието го комплетираше со сребрено ланче и обетки, но се чини дека нејзиниот необичен моден стил е привлечен за многу корисници на социјалните мрежи.

„Кралица“, „Ја сакам нејзината смелост во облекувањето“, „Само таа може да носи вакви наочари“, „Тоа е Ријана“, гласат коментарите.

 rijana

Ријана цело време беше видно насмеана, а потоа позираше со обожавателите. Она што е интересно е што покрај Ријана, која беше во публиката на овогодинешниот фестивал, беше и нејзиното поранешно момче Крис Браун.

Нивната врска беше тема број еден во светот во 2009 година, кога беше објавено дека Крис Браун ја претепал пред доделувањето на Греми наградите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *