Прв ред до езерото за сите! Генијално холандско соседство кое покажува што може да се направи со паметно планирање

19 ноември, 20220
62421791

Станбената зона покрај брегот е и туристичка атракција поради уредниот распоред на мали парцели каде секоја куќа има пристап до водата, но и до улицата…

„Het Brekkense Wiel“ на холандски значи „Скршено тркало“, а токму тоа е името на единствената населба во предградијата на градот Лемер, кој се наоѓа на холандскиот брег, на нешто повеќе од еден час возење од Амстердам.

Станбената зона покрај брегот е и туристичка атракција поради уредниот распоред на малите парцели каде секоја куќа има пристап до водата, но и до улицата. Сето ова го прави омилена дестинација за љубителите на спортови на вода. Сместено помеѓу Фризиските езера и Ијселмер, најголемото езеро на земјата, „Скршеното тркало“ најдобро се гледа од воздухот, бидејќи од птичја перспектива најдобро се гледа генијалноста на крајбрежното урбанистичко планирање.

„Het Brekkense Wiel“ има околу 230 домови и секоја куќа има доволно простор за паркирање на автомобил на својата парцела. Затоа, не е чудно што комплексот е многу популарен на пазарот на недвижности, а цените по квадрат вртоглаво растат. Откако е завршен во 1992 година, „Скршеното тркало“ стана хит место за домување, но и викенд одморалиште за туристите кои го посетуваат во летните месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *