ПРЕТЕРАЛЕ СО ФОТОШОПОТ НА НИКОЛ КИДМАН: Згодна актерка не личи на себе!

popara19 февруари, 20221min00
Screenshot_4

Ѕвездите на годишното холивудско издание на Vanity Fair се Идрис Елба, Пенелопе Круз, Кристен Стјуарт, Бенедикт Камбербах, Симу Лиу, Ендру Гарфилд, Михаела Џе Родригез и Никол Кидман.

На насловната страницаа е и Кидман, а нејзините фотографии предизвикаа поделени реакции во јавноста поради прекумерната употреба на фотошоп.

 

На насловната страна, Кидман (54) се појавува облечена во прилично оскуден костим на Miu Miu кој имитира училишна униформа, а очигледно е дека некој заклучил дека нејзиното торзо е прекратко.

 

“Зошто ова? Никол секогаш изгледа одлично, но овде изгледа како ѓубре. На овие фотографии не е елегантна како и обично”, “Никол има совршено тело и ова не е нејзиното тело. Зошто ја фотошопиравте”, се само некои од негативните коментари што може да се најдат под фотографиите објавени на Инстаграм од Vanity Fair.

 

Останатите коментари отидоа во насока дека актерката на фотографијата не изгледа добро како обично, туку „морничаво“, „ужасно“ и „целосно вознемирено“.

 

Видеото може да го погледнете ТУКА

Освен фотошоп, на фановите им пречел и изборот на облека.

 

“Таа е остварена актерка номинирана за Оскар. Зошто ја облековте како ученичка. Не си кул”, “Би сакал да слушнам која е идејата зад овој стајлинг, затоа што не можам да сфатам”, “ се редат коментарите.

 

Секако, има и такви кои сите критичари ги нарекуваат хејтери.

 

„Хејтерите секогаш ќе критикуваат. Никол изгледа одлично“, напишале тие.