РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Караџорџева шницла по кафански рецепт!

19 февруари, 20220
Screenshot_3

Ова гурманско јадење се подготвува изненадувачки лесно

 

Состојки:

 

  • 800 гр свинско филе
  • 150 гр стар или зрел кајмак
  • 30 гр брашно
  • 2 јајца
  • 30 гр презнла
  • 30 гр брашно
  • масло, сол

 

Подготовка:

 

Шницлите добро истенчете ги со чекан за месо, па посолете ги ситно и додајте зачини по вкус. Оставете ги на страна за да омекне месото. Месото премачкајте го со кајмак, завиткајте го во ролна, а аглите повлечете ги внатре за да не истече кајмакот при пржењето. Изматете ги јајцата, па во две одвоени чинии истурете ги презлата и брашното. Најпрво го валкате месото во брашно, па во јајца, па во презла. Во подлабоко тавче сипете поголема количина масло и кога ќе се загрее маслото спуштете ги подготвените шницли. Пржете ги рамномерно, вртејќи ги повремено и нежно, додека не поруменат. Извадете ги од тавата и ставете ги на чинија обложена со хартиена крпа за да се исцеди вишокот масло. Послужете со помфрит, тартат сос и едно парче лимон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi