„Рејчел“ фризурата од 90-тите повторно е во мода: Девојките сами се шишаат за да наликуваат на Џенифер

18 август, 20220
jennifer-aniston-1-830x0

Иконските фризури како „големата афро“ што ја носи Дијана Рос или брановите во косата кои совршено и прилегаат на Грејс Кели никогаш нема да бидат заборавени. Помеѓу фризурите кои останаа познати по личноста што ги носеше, ja има и скалестaта боб фризура, или како што многумина ја нарекуваат „Рејчел“, по улогата на Џенифер Анистон во легендарната „Пријатели“.

Приказната зад создавањето на оваа фризура е всушност доста забавна. За време на снимањето на првите неколку епизоди, фризерите и стилистите сфатиле дека Џенифер има густа коса која тешко се скротува.

Jennifer Aniston, Dženifer Aniston

Решението за тоа била нова фризура. Сепак, ниту актерката ниту нејзиниот фризер не знаеле која да ја изберат, па идеалното решение го пронашле во степенаста фризура. Косата станувала пократка, но не била полесно да се стилизира. Нивната игра роди култна фризура која повторно се враќа во мода.

Обновената популарност на оваа фризура стилистите ја објаснуваат со тоа што сега се повеќе жени сакаат фризура која е лесна за одржување и не бара чести посети на фризер, а оваа е токму таа.

Девојките на социјалната мрежа TikTok се почесто објавуваат видеа на кои се шишаат сами за да добијат фризура „The Rachel“, или барем таква што наликува на неа.

@hillaryalvarezz

Reply to @stylesofgrace Thank you💡✨😁 #haircut #hairstyle #oneminutemullet #rachel #friends #hair #curtainbang #fyp #parati #xybzca #tutorial

♬ She Share Story (for Vlog) – 山口夕依

Девојката по име Хилари направила видео во кое детално објаснува како да се добие фризурата „The Rachel“. Иако видеото е детално, оваа фризура не е нималку лесна за правење поради нејзините слоеви, па затоа најдобро е да отидете кај вашиот фризер.

Дали ви се допаѓа фактот што оваа фризура се враќа и повторно е во тренд?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi