Веруваме дека во текот на животот сте запознале луѓе кои ви ги дале емоциите „на послужавник“, но и оние со кои требало да се борите за ронка љубов. Додека некои лесно „пуштаат солза“ и го отвораат своето срце, други ги гледаат емоциите како слабост и ранливост.
Астролозите велат дека на некои хороскопски знаци им треба многу храброст и време за да ги покажат своите емоции некому. Меѓутоа, кога ќе го направат тоа, ќе знаете дека искрено ве сакаат и почитуваат.
Според астролозите, овие три хороскопски знаци се претставуваат како „ладни“, но всушност се многу емотивни.
- Овен
Луѓето често мислат дека Овните не се ранливи, но тоа е далеку од вистината. Овие луѓе копнеат за внимание, но сакаат да бидат независни. Ова може да доведе до лоши избори и импулсивно однесување.
Тие се многу чувствителни и сè земаат при срце, само што тоа не го покажуваат преку плачење и солзи, туку преку бес и избрзани постапки.
- Лав
Лавовите сакаат внимание. За нив е многу важно да бидат прифатени и не можат да бидат среќни ако се чувствуваат несакано и непожелно. Кога некој ги игнорира, тие се чувствуваат многу ранливо.
Често се плашат да не бидат заборавени или погрешно разбрани, но тоа го кријат од околината бидејќи не сакаат никој да има увид во нивните најдлабоки стравови.
- Шкорпија
Иако навидум се ладни како мраз, Шкорпиите имаат многу интензивни емоции. Тие се многу таинствени и на секој знак на отфрлање или омаловажување уште повеќе се повлекуваат во себе. Не сакаат никому да покажат дека се повредени, иако во себе трпат голема болка која може да прерасне во желба за одмазда, пишува „Index.hr“.