Совршено за почетници: Највкусниот шарен колач со чоколадо и ореви (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

popara11 септември, 20221min00
Baka1-1

За само неколку минути ќе добиете десерт од соништата

Сакате слатки, но не сакате да го поминете цел ден во кујна за нив?

Ви предлагаме едноставен и супер вкусен шарен колач со чоколадо.

На тоа додадете јаткасти плодови и суво грозје и ќе добиете фантастичен вкус.

Пробајте и уверете се сами!

Состојки:

4 јајца

100 гр шеќер

70 мл маслиново масло

200 гр кисела павлака или јогурт

600 гр брашно

50 мл млеко

рендана кора од лимон

100 гр чоколадо за готвење

50 гр сечкани ореви

50 гр суво грозје

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот и павлаката и просејте ги брашното и прашокот за пециво. Додадете го маслото, сечканите ореви, ренданиот лимон, млекото и сè измешајте.

Поделете на два дела – еден дел треба да биде малку помал. Во помалиот дел додадете го растопеното чоколадо и измешајте. Куглофот премачкајте го со масло и посипете го со брашно.

Наизменично сипете го светлиот и чоколадниот дел и потоа протресете. Се пече на 180 степени околу 50 минути.

Погледнете го чекор по чекор упатството за подготовка: