Според листата на Форбс во 2022 година, во светот има нешто повеќе од 1.000 милијардери чие вкупно богатство се проценува на 12,7 трилиони долари. Најголем број милијардери, 735, живеат во Америка, а потоа следат кинеските милијардери, 603.
Се збогатиле на различни начини, но нивниот успех и огромни пари може да се објаснат и од астролошки аспект. Имено, астролозите ги анализирале нивните натални карти и се покажало дека повеќето од нив се родени во ист хороскопски знак.
Доколку сте родени во хороскопскиот знак Лав, имате најголеми шанси да стекнете богатство. Лавовите се родени лидери и ги имаат сите карактеристики на лидер, без оглед на тоа каква работа работат. Тие се доминантни, имаат силен карактер, но и оптимистички поглед на животот. Во исто време, можат да бидат тврдоглави, арогантни и често агресивни, особено кога е работата во прашање. Не се откажуваат од своите цели, што е една од нивните главни карактеристики кога се во прашање работата и кариерата.
Имаат остар ум, брзо размислуваат и не се плашат да ризикуваат. Интересно е што меѓу брокерите на Њујоршката берза има најмногу има такви кои се родени во овој знак.