Стереотипи поврзани со секој хороскопски знак кои немаат врска со вистината

popara10 декември, 20221min00
profimedia-0528521176

Дури и оние што не веруваат премногу во хороскоп се вознемируваат кога ќе слушнат некој од овие стереотипи за нивниот хороскопски знак. Не е точно дека Раковите не знаат да ги контролираат емоциите, ниту дека Близнаците се површни. Што друго не е точно?

 

 

 

Постојат голем број стереотипи што се врзуваат за секој од хороскопските знаци, a во продолжение погледнете кој е најголемиот мит за секој од нов и кои карактеристики најчесто се толкуваат погрешно.

 

Дали и вие сметате дека особината што му се дава на вашиот знак не е точна?

 

Овен – Агресиja

Еден од најголемите митови за Овните е дека тие се агресивни и дека се секогаш подготвени за кавга.

 

Иако се мошне страствени и борбени, сепак оваа карактеристика кај нив не е негативна и не ги прави кавгаџии, туку упорни и истрајни во животот.

 

Бик – Мрзеливост

Најголемиот мит за Биковите е дека се мрзеливи. Точно е дека уживаат во комфор, но далеку од тоа дека не сакаат и дека ги мрзи да направат нешто што ќе им овозможи да бидат опуштени.

 

Тие се големи перфекционисти, па затоа работите ги извршуваат побавно од останатите, но потемелно.

 

Близнаци – Лекомисленост

Многумина сметаат дека несериозноста и лекомисленоста се главни особености на Близнаците.

 

Тие често се склони на длабоки промислувања, а своите најдлабоки емоции им ги откриваат само на луѓето што добро ги познаваат.

 

Затоа може да ве изненадат со длабоките и интересни разговори, но дури откако добро ќе ве запознаат.

 

Рак – Емотивна нестабилност

Точно е дека Раковите се мошне емотивни, но точно е и тоа дека во голем број случаи тие се често и мошне амбициозни и луѓе ориентирани кон кариерата.

 

За нив е точно дека прво сакаат да обезбедат емотивна стабилност, за да можат подоцна целосно да се посветат на сопствената кариера.

 

Лав – Себични

Лавовите имаат потреба да бидат во центарот на вниманието и понекогаш се водени од потребите на сопственото его, но тие се едни од најхуманите хороскопски знаци во Зодијакот.

 

Тие се тука за да ги заштитат своите најблиски, а ќе ви го дадат и последниот денар од џебот за да ви помогнат.

 

Тие се мошне емотивни и кога сакаат некого, таа љубов е безусловна – среќни сте доколку имате пријател или близок во овој хороскопски знак.

 

Девица – Перфекционисти

Постојано се повторува дека Девиците се перфекционисти и пребирливи луѓе, но не сфаќаат дека нив ги мотивира желбата да го направат светот подобро место за живот.

 

Така, ако добиете некоја критика од Девица, немојте да се навредувате, туку прашајте ја како да се подобрите.

 

Уште повеќе поени ќе добиете доколку побарате нивна помош за да ги завршите работите – тие најмногу од сѐ сакаат да им помагаат на луѓето.

 

Вага – Неодлучни

Иако понекогаш може да се случи на Вагите да им биде потребно подолго време за да донесат некоја одлука, сепак тоа е така затоа што тие постојано се обидуваат да направат баланс помеѓу она што им го кажува здравиот разум дека треба да направат и патот по кој ги води срцето.

 

Тие секогаш имаат проблем кога треба да одлучат дали да го изберат она што го сакаат или она што знаат дека треба да го сакаат и дека е добро за нив.

 

Скорпија – Мислат само на секс

Најголемиот стереотип за Скорпиите е дека постојано мислат само на секс, напротив тоа се луѓе со мошне цврста волја, па ако одлучат дека треба да апстинираат од задоволства може да поминат месеци без да се впуштат во сексуални авантури.

 

Тие се свесни за моќта на сексот, но она по што најмногу копнеат е интимноста и нежноста и сакаат да бидат сакани такви какви што се.

 

Кога Скорпиите се страсни во интимните мигови, секогаш зад тоа постојат подлабоки емоции и чувства.

 

Стрелец – Страв од врски

Слободниот дух на Стрелците често се толкува како страв од врзување.

 

Иако овие луѓе сакаат да бидат слободни, сепак знаат да им посветат во целост внимание на луѓето што им помагаат да пораснат, што им покажуваат нови светови и им отвараат нови хоризонти.

 

За овие луѓе идеален партнер е тој што постојано ќе знае да им покаже нешто ново и да ужива со нив во нови авантури.

 

Јарец – Конзервативни

Еден од најголемите митови за Јарците е дека се конзервативни и патријархални и дека постојано мора да се водат по некои правила на моралот.

 

Тие се мошне самокритични и сакаат да ги решат проблемите, а мора да бидете свесни дека тие барања што ги имаат од своите најблиски се истите оние работи што си ги наметнуваат и себеси.

 

Водолија – Нестабилност

Иако се ексцентрични и чудни, тоа не значи дека се нестабилни.

 

Точно е дека тие уживаат во сѐ што е невообичаено, ново и поинакво од другите луѓе и отскокнуваат од толпата, но во ниту еден случај не се нестабилни.

 

Тие секогаш имаат точно направен распоред по кој ги следат сите чудни и невообичаени навики во сопствениот живот.

 

Риби – Намќори

Рибите мошне често се затвораат во некој свој имагинарен свет, па заради тоа на другите луѓе може да им наликува дека станува збор за намќори, затворени и интроверти.

 

Со оглед на тоа што имаат мошне бујна имагинација ним многу често им е проблем да ги искажат сопствените мислења и сопствени те емоции.

 

Тие имаат огромна емпатија и кога не можат да се носат со сопствените емоции, најчесто се затвараат во себеси и во своите замислени светови, каде нештата секогаш се поубави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag