
Актерот Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија на својот Инстаграм открија дека добиле девојче
Хилари Болдвин и Алек Болдвин го добија своето седмо дете, а познатиот актер има уште едно дете, ќерката Ајрленд, која ја доби за време на бракот со колешката Ким Бесинџер.
Двајцата се огласија преку социјалната мрежа Инстаграм, објавувајќи видео на кое се гледаат трогателни кадри, почнувајќи од самото породилиште, па сè до средбата на бебето со браќата и сестрите.

Она што е интересно е дека малото девојче има три имиња и тоа Иларија Каталина Ирена.
– И јас и таа сме среќни и здрави. Нејзините браќа и сестри го поминуваат денот дружејќи. Многу љубов до сите вас. Многу сме среќни што можеме да ја споделиме оваа прекрасна вест со вас – напиша Алек со видеото кое можете да го погледнете на линкот ТУКА.