Утре точно во 20:55 е важен астролошкиот аспект, односно полна месечина во воздушниот знак Вага
Бидејќи Вагата е знак што означува баланс, рамнотежа и партнерства, јасно е дека полната Месечина на 28-от степен на Вага ќе биде одличен тест за сите луѓе.
Во неделата што веќе изминува, по 12 април, кој беше првиот моќен датум во април (спој на Јупитер и Нептун), полната месечина е вториот најважен аспект кој е пресуден за сите хороскопски знаци.
Бидејќи Вагата е еден од трите воздушни знаци, ни претстои период во кој ќе бараме рамнотежа во животот. Потребата да се воспостави рамнотежа е нешто што ќе означи полна Месечина во Вага.
Бидејќи Вагата е знак на љубов, јасно е дека оваа полна месечина ќе влијае и на емотивниот живот. Ќе треба да имаме избалансирани односи во секоја смисла.
Полната месечина во Вага е тест за сите љубовни врски, па затоа советот е да не донесувате ненадејни одлуки.
Од друга страна, Стрелец, Лав, Водолија и Близнаци можат да ја искористат енергијата на полната месечина.
Полната месечина во Вага ќе биде најтешка за Овен, Рак, Вага и Јарец
ВАГА – Ни претстои период во кој ќе работите на себе и ќе имате можност да го доведете животот во рамнотежа. Ќе имате голема дилема, па внимавајте да не носите одлуки од афект.
ОВЕН – Полната месечина ќе донесе големи промени во партнерските односи. Ќе се обидете да најдете компромис помеѓу она што го сакате и она што е правилно. Ако имате деловен партнер, односите ќе бидат разнишани.
ЈАРЕЦ – Полната месечина во Вага ви носи несигурен период на работа. Ова ќе предизвика промени кои можеби не ви одговараат, но ќе бидат неопходни. Очекувајте дискусии на работното место.
РАК – Полната месечина создава лични тензии и грижи. Можно е да имате минливи компликации низ станот. За да им помогнете на вашите најблиски, ќе ги занемарите вашите потреби.