
Трендовите на Y2K се вратија на голем начин. Покрај тоа што во последно време се гледаат кај нашите омилени фешнистки, тие се сеприсутни на TikTok, а еден тренд што ќе ги врати сите деца од 90-тите во нивното детство се светкавите додатоци за коса што ги носевме за специјални пригоди како родендени или настани.
Во вирален TikTok кој има повеќе од милион лајкови, Софи Мареј става „накит“ на своите руси кадрици, додека друг TikTok-ер го прави тоа со помош на розов уред во облик на круг што можете да го купите од онлајн продавниците.
@sophie_murraayy On Amazon! Obsessed 🥹🦋💖🫶🏼
Ако сте заинтересирани за бесплатна верзија на овој трик, Кејти Фархуд има видео за вас кое е DIY. Се што ви треба е лепак за коса за да ги залепите сјајните украси на вашите прамени.
@katiefarhood i wanted that Conair gem thing SO bad when i was younger💎 #90saesthetic#early2000s#hairjewelry#2000sthrowback#makeupartist#InstaxChallenge#OscarsAtHome#BridgertonScandal
Allure се обрати до инфлуенсерката со важни прашања – колку долго ѝ траеле украсите на косата и како ги отстранила. “Ги носев во клубот и ми останаа на коса цела ноќ. Ги соблеков една по една, а потоа брзо ја измив косата”, открила Фархуд.