Ако мислевте дека нема филозофија во миењето на косата, се лажете – една фризерка ги открива грешките што сите ги правиме!
Цел живот ја миете косата и помислувате дека нема шанси да погрешите, но фризерката Зои Ирвин вели поинаку.
Нанесувањето шампон
За почеток, вели дека повеќето луѓе нанесуваат премногу шампон, а најдобар начин да го спречите тоа е да купите шише со пумпа во кое ќе го ставите шампонот што го користите. Започнете со притискање на пумпата еднаш пред да одлучите дали ви треба повеќе – а може и да ви треба ако имате долга, густа коса.
Уште еден корисен совет е кога ќе го истурите шампонот во раката, прво исријте го со рацете, а потоа втријте го во косата. На овој начин порамномерно ќе го распоредите производот на вашата коса, тврди фризерката.
Исто така, нејзиниот совет е да не ја триете косата премногу додека ја шампонирате, туку нежно да го масирате скалпот – така ќе го спречите опаѓањето и ќе го поттикнете растот на косата.
Освен тоа, Зои тврди дека овој начин на миење на косата го забрзува растот за 24 отсто, а колку сте постари, толку подолго треба да го масирате скалпот бидејќи косата станува кршлива како што старееме.
Примена на регенератор за коса
Кога нанесувате регенератор за коса, истурете го во рацете, па почнете од врвовите на косата. Поделете ја на неколку делови, за рамномерно да го нанесете регенераторот, а советот на фризерката е потоа со четка да поминете низ целата коса.
Зои предлага да го нанесете регенераторот и на корените, но важно е како ќе го направите тоа за косата да не се масти.
Откако ќе го нанесете балсамот до краевите, нежно тријте го со рацете и во близина на скалпот. Нема потреба да ставите повеќе, туку идеално е да го нанесувате само она што ви останало на рацете, и тоа сега разредено со вода.
Триење со крпа
Следниот чекор по миењето е сушење на косата со крпа. За да избегнете кинење на косата, фризерката посочува дека не треба да ја триете косата со крпа, туку нежно да притиснете со рацете врз пешкирот, за да го впие вишокот вода.
Нејзин совет е да ја оставите крпата на главата што е можно подолго, за да впие што повеќе вода, по можност околу 85 проценти, па дури потоа да завршите со сушењето со фен – на средна јачина за да не ја оштетите косата.
На крајот, кога косата е веќе сува, вклучете го ладниот воздух на фен и нежно дувајте низ косата, за идеален финиш и сјај.