ХОРОСКОП ЗА 10-ТИ ОКТОМВРИ: Лавовите размислуваат за раскинување, а Рибите мора да внимаваат

popara10 октомври, 20221min00
cda9a0c6ff00bd0e892bb53c59d6965ae1ad613b

Овен

Ве заинтригира некој нов и моментално се обидувате да се фокусирате на тоа. Не брзајте во нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте ги расчистиле работите со некој од минатото. Сеќавањата кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.

Бик

Конечно би можеле да ја донесете одлуката што ја одложувавте толку долго. Откако ќе се надминете себеси и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин си давате слобода и на себе и на партнерот.

Близнаци

Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да заработите од тоа. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе треба да жртвувате нешто, а најверојатно тоа е нешто поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

Рак

Можете да сметате на поддршката од вашите пријатели, бидејќи во изминатиот период тоа сте го заработиле од нив со вашата посветеност и пожртвуваност. Чекате потпишување на важен договор кој ќе ја одведе вашата професионална кариера во друга насока.

Лав

Врската што ја чувавте во тајност наскоро ќе стане јавна. Партнерот ве сака повеќе отколку вие него, но вие не уживате во тоа. Неговите очекувања стануваат голем товар за вас, па сето тоа ќе биде силна причина сериозно да размислите за раскинување.

Девица

Се стремите кон слобода, но подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Извршете ги сите работни задачи дисциплинирано и на време, само така ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви ја искомплицираат финансиската состојба.

Вага

На повидок е финансиска придобивка, која ќе ја намали тензијата која ве мачи веќе некое време. Не преоптоварувајте се со нови обврски, туку поминете го денот со минимални деловни активности. Одложете сè што не мора да завршите денес.

Шкорпија

Имате многу планови и очекувате наскоро да започнете некои од нив. За жал, денес не ви претстојат големи промени, освен што неколку туѓи искуства ќе ве натераат да размислите дали патот што сте го смислиле е најповолен за вас.

Стрелец

Не го добивте очекуваниот одговор за работата која толку многу ве заинтригира. Сепак, очекувајте вести кои ќе ја подгреат надежта дека не е се готово. Ви претстои сериозен разговор и најдобро е навреме темелно да се подготвите.

Јарец

Напнати сте од мешањето на член на семејството во вашите одлуки. Објаснувајќи ги вашите одлични идеи, амбициозно започнувате разговор кој завршува катастрофално. Вашите вербални вештини денес не се на завидно ниво, повлечете се.

Водолија

Полни сте со разбирање за другите луѓе, сепак, бидете внимателни бидејќи ви следат предизвикувачки понуди во кои некој ви ветува голема финансиска добивка. Внимавајте со парите денес, бидејќи ако брзате, коцките ќе паднат токму онаму каде што најмалку очекувате.

Риби

Доколку имате можност да потпишете некои документи, внимавајте бидејќи може да ви се прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашите промени во расположението можат да го збунат партнерот и да го натераат да помисли дека повеќе не го сакате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma