ХОРОСКОП ЗА 10-ТИ ФЕВРУАРИ: Девиците со позитивни промени во љубовта, а Вагите обземени од грижи

popara10 февруари, 20221min00
11d5a374476b9ab084a05411e5c50b2326f02997

Овен

Сте преземале обврски кои не се во согласност со вашата природа. Се тешите гледајќи на сето ова како на привремен проект кој, кога е завршен, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен и вашиот партнер, бидете внимателни, распределбата на улогите би можела да стане навика.

Бик

Вашиот авторитет е во првите редови. Иако ви се допаѓа кога ви се верува и ве прашуваат за мислење, има денови кога тоа не ви се допаѓа. Сега е таков момент. Итно ви е потребен одмор, без разлика што неделата допрва почнува. Не двоумете се, направете долга пауза.

Близнаци

Време е за мала пауза, сепак, не дозволувајте премногу да се опуштите. Искористете го денот за расчистување на заостанатите долгови. Покрај тоа, идеално време е да ги обновите старите контакти со пријателите кои сте ги запоставиле во минатото.

Рак

Полето на финансиите е постојан извор на фрустрации и грижи за вас. Не фантазирајте за бегство, ништо не можете да поправите во овој момент бидејќи не се сите карти во ваши раце. Искористете го денот за да го завршите она што ви одговара, а резултатите ќе мора трпеливо да ги чекате.

Лав

Време е да се посветите на обврските и да ги решавате една по една. Финансиската ситуација е прилично стабилна, па затоа е вистинско време да ги расчистите вашите долгови и неподмирени сметки пред да тргнете во шопинг.

Девица

Ви претстои позитивна промена во љубовниот план. Ситуацијата се подобрува. Поради интензивните деловни обврски, слободното време ќе го поминувате работејќи, па оваа разделба од партнерот ќе донесе поттик за наредниот период.

Вага

Вие сте расеани. Преокупирани сте со грижи кои самите сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои допрва би можеле да се случат. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да започнете на време и да ја одделите реалноста од имагинацијата.

Шкорпија

Целосно сте посветени на вашите деловни активности. Пред вас се интензивни настани и на професионален и на финансиски план. Ве очекува голема шанса во форма на понуда за соработка со луѓе за кои мислевте дека се недостижни.

Стрелец

Денот е обележан со напнати транзити кои укажуваат на стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога станува збор за партнерства и љубов.

Јарец

Односот со саканата личност не оди онака како што би сакале. Можеби изминатиов период малку ве разгалела, па сте влегле во улога на жртва на која без свесна намера се ѝ се дозволува. Од друга страна, таквата атмосфера знае да биде досадна, а кога ќе го сфатите тоа, ќе биде предоцна.

Водолија

Имате предлог за патување, соработка со странство или учење со профитабилна работа. Ако не реагирате брзо, можете да ја пропуштите оваа неочекувана шанса. Иако не е типично за вас да се коцкате, обидете се овој пат, ризикот може да се исплати.

Риба

Невообичаено сте креативни и имате голема самодоверба. Толку сте полни со себе што се заканува да прерасне во преправање за голема супериорност над другите луѓе. Скратете го напливот на таа гордост, пред вас имате задачи кои ќе можете да ги решите само ако играте во тим.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma