ОВЕН
Денот го одбележаа непријатни вести. Идејата што ја имавте, а која се однесува на вашите амбиции, се покажува како неостварлива. Разочарани сте, а се се случи затоа што сте ги помешале работата и приватниот живот, па вашите проблеми ги решаваат непознати луѓе.
БИК
Вие сте оптоварени со грижи што самите ги создавате. Се обидувате да предвидите решение за проблемите кои сè уште не се ни појавиле. Вашето однесување може да ви наштети ако не се разбудите на време и не ја одделите реалноста од она што сте го измислиле.
БЛИЗНАЦИ
Трошите многу енергија за да ја надминете напнатоста што ве обзеде. Ви се чини дека сите подлегнале на атмосфера која според вас е сосема нездрава. На крајот, успешно наоѓате начин да се ослободите од се што не ви припаѓа. Не бегајте од обврските.
РАК
Преокупирани сте со финансиски грижи. Многу работи не зависат од вас, па не е паметно да се оптоварувате со работи кои немате моќ да ги решите. Бидете трпеливи, конкретна помош доаѓа од близок пријател кој најверојатно е во странство.
ЛАВ
Ја прекинавте комуникацијата со еден член од семејството бидејќи ви е полесно. Избегнувањето на разговорот не води до решение, напротив. Бегањето дополнително го продлабочува проблемот и ги комплицира односите. Без разлика на непријатностите, расчистете ги работите целосно.
ДЕВИЦА
Ве притискаат рокови. Вашите квалитети се доведуваат во прашање бидејќи сте премногу бавни. Стресни сте од брзањето, особено кога се работи за нешто што, според вас, е многу важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до сопственото темпо и денот ќе помине во мир.
ВАГА
Што се однесува до вас, сте направиле се како што треба и немаш за што да се преиспитувате. Тоа е вашиот став и прекинувате некои пријателски врски без да бидете премногу напнати. Ако бевте самокритични, ќе видевте дека вашиот став е премногу строг и тврдоглав.
ШКОРПИЈА
Премногу им давате важност на луѓето кои ве осудуваат само поради сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што го кажуваат другите, ќе сфатите дека на вашата љубовна врска ништо не и недостасува.
СТРЕЛЕЦ
Можете да сметате на поддршката од вашите пријатели, бидејќи во изминатиот период тоа сте го заработиле од нив со вашата посветеност и пожртвуваност. Чекате потпишување на важен договор кој ќе ја одведе вашата професионална кариера во друга насока.
ЈАРЕЦ
Постои шанса да ви се оствари желбата да го промените работното место. Мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, ќе влезете во нов живот после кој нема враќање назад. Ова не значи дека ве очекува нешто лошо, туку дека мора да бидете подготвени на се.
ВОДОЛИЈА
Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да започне, губите драгоцено време, а можностите кои се побезбедни и можеби попрофитабилни отколку што сте замислувале, ви одминуваат.
РИБА
Не правете непријатели меѓу луѓето од кои зависите. Тензијата се комплицира, влегувате во конфликти со соработниците. Вашата кариера би можела да тргне во надолна патека доколку не се потрудите и дополнително работите на смирување на тензијата што ја зафати.