
Овен
Се чувствувате како да сте блокирани, како да ви се спречени сите обиди нешто да решите на дипломатски начин. Избегнувајте конфликти со властите и побарајте поддршка од помладите соработници кои се сочувствителни кон вас во овој период.
Бик
Некои семејни обврски не ги исполнивте навреме, па дојде моментот кога нема повеќе одложувања. Наместо да се лутите на себе што си го дозволивте тоа, веднаш фатете се за работа и оставете ја анализата на ситуацијата за друг ден.
Близнаци
За секој денар треба да се работи напорно. Потпрете се единствено на своите способности, труд, труд и пожртвуваност, само на тој начин ќе постигнете задоволителен успех. Сите пари што ќе ви дојдат на побрз и полесен начин ќе одат на тој начин.
Рак
Вашиот авторитет е во првите редови. Иако ви се допаѓа кога ви се верува и ве прашуваат за мислење, има денови кога не ви е до тоа. Сега е таков момент. Итно ви треба пауза. Не двоумете се, почестете се со мало задоволство и подолга пауза.
Лав
Денот го започнувате полни со енергија. Невообичаено сте креативни и самодовербата се заканува да прерасне во ароганција. Задржете ја еуфоријата бидејќи кога ќе се одлучи нешто важно ќе ви треба мислење од луѓе кои не ги почитувате сега.
Девица
Навидум тивкиот ден може да се претвори во фијаско, особено ако се обидете да импровизирате нешто што не треба да го правите. Моќта на справување во новите ситуации е одраз на паметните луѓе, но не е крај на светот дури и ако понекогаш се откажувате.
Вага
Преокупирани сте со грижи кои самите сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои допрва би можеле да се случат. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да започнете на време и да ја одделите реалноста од вашата имагинација.
Шкорпија
Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кои зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба правично да тежите. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе победи.
Стрелец
Премногу им давате важност на луѓето кои ве осудуваат само поради сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што другите го зборуваат, ќе сфатите дека на вашата љубовна врска ништо не и недостига.
Јарец
Преокупирани со партнерства и дилемата за некаква инвестиција. Од вас се очекува прилагодување, а вашата реакција е потребата да избегате. Совет е да истраете во се, бидејќи добивката што можете да ја остварите не е занемарлива.
Водолија
Преокупирани сте со финансиски грижи. Многу работи не зависат од вас, па не е паметно да се оптоварувате со работи за чие решение немате моќ. Бидете трпеливи, конкретна помош доаѓа од близок пријател кој најверојатно е во странство.
Риба
Одите со глава низ ѕидот. Уморни сте од чекање и седење на место. Ќе мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги решите сите заплетки и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не избрзувајте, бидејќи грешките што би ги направиле денес можат да бидат непоправливи.