ОВЕН
Настанот на денот може да биде конструктивна дискусија во коај ќе бидете вовлечени од соработници за кои не сте знаеле дека се на ваша страна. Во исто време, поддршката доаѓа од саканата личност, па на вашиот оптимизам и добро расположение нема крај.
БИК
Ве опседнува идејата да започнете приватен бизнис. Заледените односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да разделат тим од луѓе со кои е можен независен бизнис. Запомнете дека таму каде што владее интересот, спијат љубовта и сочувството.
БЛИЗНАЦИ
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но длабоко во себе чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако тоа е заради повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.
РАК
Доколку размислувате за готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе ве изненадат неповолни детали кои не сте ги разбрале на време. Најдобро е да ги намалите трошоците на минимум и да воведете краткорочни остри заштеди.
ЛАВ
Денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање врските и љубовта.
ДЕВИЦА
Може да се разгорите неконтролирано, па сигурна е сериозна дискусија со непознати лица на јавно место. Можни се и контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете можни непријатности, поминете го денот во друштво на саканата личност.
ВАГА
Транзитите укажуваат на можноста да влезете во конфликт со вашите најблиски. Кризата во семејството може да трае доколку не се потрудите и не преземете конкретни чекори, дури и ако тие ви се непријатни. Запомнете дека тие не се ваши непријатели.
ШКОРПИЈА
Ја преувеличувате својата улога во сè. Свесни сте за своите квалитети, па сегашниот занес ве наведува да верувате дека сте безгрешни. Покрај тоа, вие сте нагласено романтични, па ова е денот кога, можеби, вашиот партнер најмногу ќе ужива во се.
СТРЕЛЕЦ
Ова е важен ден за вас. Ви се отвора можност да ја завршите целата работа што сте ја започнале, а навечер очекувајте вести за нешто што одамна престанавте да го чекате. Реагирајте брзо, инаку нешто големо може да ви помине.
ЈАРЕЦ
За секој денар треба да се работи напорно. Потпрете се единствено на своите способности, труд и жртви, само така ќе постигнете задоволителен успех. Ќе си заминат и сите пари што ќе ви дојдат на побрз и полесен начин.
ВОДОЛИЈА
Ова е еден од оние денови кога се чини дека е најдобро да се спие. Вистинската причина за таквото расположение лежи во тоа што ве мачи голема неодлучност, поради што не успевате да се одлучите и да донесете правилна одлука да избегнете агонија.
РИБА
Вашата концентрација денес е на високо ниво. Активноста на полето на комуникација може да ви послужи за лични цели, особено за вашиот љубовен план.Внимавајте, веројатно не забележувате дека саканата личност се обидува да ви пренесе нешто многу важно за вас.