
Да се наежите!
Прошталните пораки се тажен производ на самоубиствата и некои од оние што останале може да ви го скршат срцето. Без разлика дали се работи за актер, писател, музичар или политичар, славата може да биде незгодна – како што открија луѓето од следната листа.
Курт Кобејн ги посветил своите последни зборови на сопругата Кортни Лав и ќерката Френсис:
Френсис и Кортни, ќе бидам покрај вашиот олтар. Те молам продолжи, Кортни, заради Френсис, бидејќи нејзиниот живот ќе биде многу подобар без мене. Те сакам. Те сакам.
Вирџинија Вулф, познатата писателка, ги опишала нејзините последни моменти и мислите кои довеле до оваа страшна одлука.
Сигурна сум дека повторно ќе полудам. Чувствувам дека не можеме да издржиме уште еден ваков страшен период. Овој пат нема да се опоравам. Почнувам да слушам гласови и не можам да се концентрирам. Па, го правам она што мислам дека е најпаметно.
Робин Вилијамс, познатиот актер кој на многумина им донесе радост со своите улоги, бил суштински депресивен и се борел со огромна тага. Пред неговата смрт, тој ги напишал следните зборови:
Завршив. Време е да одам. Нема што повеќе да се случи.
Мерлин Монро напишала зборови кои ќе расплачат многумина. И покрај огромната слава, која и денес не стивнува, актерката била длабоко несреќна:
Сè уште сум изгубена… Сè ме одвлекува од концентрацијата… Мојата волја е слаба… Звучам лудо, но навистина мислам дека ќе полудам… Застанав пред камерата и мојата концентрација и се што се обидувам да научам ме напушта. Тогаш се чувствувам како воопшто да не постојам во човечката раса.