
Не ви треба гел или пена за бричење
Во текот на летото, речиси секој ден ни е потребен жилет за отстранување на влакната. Тоа е попрактична опција од депилацијата за некои дами. Сепак, отстранувањето на влакната со жилет може да предизвика иритација или груба кожа.
За да ги избегнете овие несакани ефекти, никогаш не смеете да ја бричите кожата на „суво“. Треба да нанесете и производ кој ќе ја омекне кожата и ќе ја подготви за бричот.
Ако немате гел или пена, можете сами да направите крем од рузмарин. Ќе ја направи вашата кожа свиленкаста, мека и значително помалку иритирана. Не ја суши кожата и не содржи сапун, па затоа е добар и за оние со чувствителна кожа.
Состојки:
- 1/3 кокосово масло
- 1/3 чаша шеа путер
- 1/4 чаша масло од јојоба
- 10 капки есенцијално масло од рузмарин
- 5 капки есенцијално масло од нане
Подготовка:
Растопете ги шеа путерот и кокосовото масло на средна топлина, паралелно мешајќи. Кога ќе се растопат, тргнете ги од шпорет и истурете во тегла.
Додадете масло од јојоба и есенцијални масла и добро измешајте.
Добиената смеса оставете ја во фрижидер час до два, додека не се стегне. Со миксер убаво изматете ја изладената смеса додека не стане пенаста. После тоа, вратете ја во теглата и потоа затворете. Чувајте ја на темно и ладно место. Рок на траење приближно 5 месеци.
Нанесете ја кремата на влажна кожа, непосредно пред бричење.