Што им е потребно за среќа? На Близнаците добар пријател, на Лавот креативно хоби

popara14 февруари, 20221min00
7865954616205172691989291487975_640

Астрологот Рејчел Ланг верува дека секој хороскопски знак има нешто што го прави посреќен и позадоволен. Таа споделува и совети за тоа што точно можете да направите за себе, и да бидете посреќни, пишува „Well + Good“.

ОВЕН

– Најдете го спортот што го сакате и совладајте нова вештина до совршенство – советува Ланг, додавајќи дека треба да испробате неколку различни видови физичка активност, од трчање, возење велосипед до јога или пилатес.

– Овенот е огнен знак, им треба акција и физичка активност, во спротивно се чувствуваат како да стојат на место со вишок енергија. Исто така, сакаат да бидат најдобри, па совладувањето на нова вештина им дава чувство на задоволство – вели таа.

БИК

Имаат одлично чувство за боја и стил. Тие знаат што е добро, а нередот ја нарушува нивната благосостојба.

– Посветете се на својот дом и направете го оаза во која ќе уживате – советува Ланг.

БЛИЗНАЦИ

– Опкружете се со добри пријатели кои ве инспирираат, ве тераат да размислувате и се подготвени да разговараат за се – советува.

– Вашиот ум е секогаш активен, и би било добро да имате со кого да разговарате, некој кој ќе ви помогне да ги составите вашите идеи и размислувања. За вас разговорите се клучот за среќата и долговечноста. Имањето многу пријатели со различни интереси ви помага да ја разбудите вашата љубопитност. Не ви требаат многу познаници ако сте интроверт, туку неколку добри, вистински пријатели – вели Ланг.

РАК

„Вие сте голем љубител на храна и особено е важно да јадете храна која ги одржува вашите црева здрави.“

Постои врска помеѓу вашиот ум, тело и дух, а таа врска започнува и завршува во стомакот.

ЛАВ

„Истражете ја вашата креативна страна. Дури и ако не сте уметнички тип, вашиот клуч за зајакнување на расположението е хоби кое ви овозможува да се изразите. За среќа, потребна ви е и редовна доза на витамин Д, а 15 минути поминати на сонце ќе ви го осветлат духот.“

ДЕВИЦА

– Најдете начин да се опуштите. Дури и кога ги извршувате највообичаените активности, вашиот ум работи – советува Ланг.

„Најдете начин да ги смирите мислите и да бидете присутни во сегашноста. Градинарството, готвењето или сликањето се некои од начините на кои можете да го опуштите вашиот нервен систем.“

ВАГА

– Во тешките моменти се свртувате кон разговори, слатки и релаксација. Сепак, вежбањето го зголемува ендорфинот и ви помага да се опуштите откако ќе потрошите малку енергија – забележува Ланг.

Лесни активности како јога или пешачење се најдобри за вас. Ќе ве опуштат, но во исто време ќе се ослободите од енергијата и со тоа полесно ќе се ослободите од стресот – вели таа.

ШКОРПИЈА

„Сексот ве енергизира и ви помага да станете посвесни за вашата духовност отколку другите знаци“, вели Ланг, додавајќи дека ако моментално немате намера да се поврзете со другите, најдете тантрички несексуални активности за да постигнете слични резултати, како јога или пеење.

СТРЕЛЕЦ

„Стрелецот секогаш е желен да истражува, а бидејќи патувањата се ставени на мирување поради пандемијата, „залутајте“ во природата и подигнете го вашиот дух“, советува Ланг.

ЈАРЕЦ

Вие по природа сте работници и би било мудро да се фокусирате на активности на отворено, како што е градинарството. Со задоволство ќе се вклучите во здрави активности кои имаат цел.

ВОДОЛИЈА

Водолиите имаат големо срце и бараат подобар свет.

– Просоцијалните активности со алтруистички фокус ќе ви донесат радост. Волонтирањето или помагањето на пријатели ви дава чувство дека сте потребни и дека имате цел – советува Ланг.

РИБИ

– Во тешки времиња, создавањето уметност како што се танц, пеење или пишување, може да ви помогне да се чувствувате подобро – советува Ланг.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma