
Доколку досега не сте имале домашно милениче, а планирате, изборот на животното открива многу за вашиот карактер
Куче – ако сонувате да вдомите куче, вие сте емотивни. Кучето сака и е приврзано за својот сопственик апсолутно и секогаш, цел живот. Секој ден што кучето го поминува со вас е најсреќниот во неговиот живот. Не се вели без причина дека кучето е најдобар пријател на човекот. Тие го почитуваат и ценат нивниот сопственик, што докажува дека никој никогаш нема да ве сака толку многу како вашето куче.

Мачка – мачката не бара толку внимание како кучето, се додека и обезбедувате доволно храна, мачката обично може сама. Бидејќи не треба премногу да се грижите за неа, ако сонувате да добиете мачка, безгрижни сте.
Риби – се плашите од обврски. На рибите навистина им е потребна минимална грижа, па затоа не се голема обврска.
Змија – Ако поседувате змија или сонувате да ја поседувате како домашно милениче, вие сте бестрашни. Вие сте личност секогаш подготвена за нови авантури, а ретко од што се плашите.
Хрчак – ако фантазирате за хрчак, вие сте забавна личност. Како што хрчакот го обожава тркалото што се врти и нешто постојано да се случува околу него, такви сте и вие, сакате забава и често се смеете.

Егзотични животни – Доколку сте љубител на егзотични животни, може да се каже дека сте малку ладнокрвни. Егзотичните животни е тешко да се припитомат, тие ја претпочитаат нивната природна средина отколку затворањето меѓу четирите ѕида.