
Постојат многу причини зошто мравките може да се појават во вашиот стан или куќа, но сите кои имале проблем со нив знаат колку е тешко да ги истребите од кујната или друга просторија каде што се населиле.
Ако ги избегнувате скапите и штетни комерцијални репеленти за инсекти, обожавателите на популарната „кралица на чистењето“ Mrs. Hinch имаат решение кое ќе ве чини околу стотина денари.
Верувале или не, тоа е пудрата во прав.
„Пудрата против мравки е едно од моите омилени откритија! Навистина функционира!“, напишала една членка на оваа популарна група. Објаснила и дека неколку години ја посипувала околу местото каде што влегуваат мравките во станот, а сега веќе неколку години е мирна.
„Може да се користи било која пудра “, додаде еден корисник. Трет сподели: „Посипувам талк околу влезната врата и делува!“.
А за да се спречи доаѓањето на мравките подолго време, корисниците велат дека пудрата ја посипуваат и по праговите и прозорските даски. „Немам никаков проблем со мравките откако го правам тоа!“, коментирала друга личност, а пренесува „Mirror“.