Глобалната компанија за мобилност ECA International објави листа на најскапи градови за живеење во 2022 година. Трета година по ред Хонг Конг се најде на врвот на листата, а литар млеко во продавница чини околу 170 денари. Месечната емисија за јавен превоз е 3600 денари, а киријата за гарсониера во центарот на градот чини околу 2000 евра.
Не само што Хонг Конг е прогласен за најскап град за живеење, туку и Азија може да се нарече најскап континент. Во рангирањето на 10-те најскапи градови за живеење, дури шест доаѓаат од овој континент – Хонг Конг, Токио, Шангај, Гуангжу, Сеул и Тел Авив.
Швајцарија има двајца претставници на листата на 10-те најскапи градови за живеење – Женева на трето и Цирих на седмо место. Остатокот од рангирањето е резервиран за Њујорк (второ место) и Лондон (четврто место).
Секоја година, ECA International составува листа на најскапи градови за живеење врз основа на неколку фактори – вклучувајќи ги просечните цени на секојдневната храна како што се млекото и маслото, киријата, комуналните услуги, јавниот превоз, но и стабилноста на домашната валута.
10-те најскапи градови за живеење, според извештајот на ECA International:
Хонг Конг
Њујорк, САД
Женева, Швајцарија
Лондон, Обединето Кралство
Токио, Јапонија
Тел Авив, Израел
Цирих, Швајцарија
Шангај, Кина
Гуангжу, Кина
Сеул, Јужна Кореја