„Парфемот ѝ дава завршна нота на елеганцијата, детал кој суптилно го подвлекува изгледот, невидлив додаток кој ги комплетира мажот и жената“, изјави одамна модниот дизајнер Џани Версаче. Со оглед на тоа дека „убаво мирисаш“ е еден од првите пет најубави комплименти кои сите сакаме да ги слушаме, издвоивме неколку парфеми кои ќе ве натераат често да ги слушате овие магични зборови.
И додека го бараме вистинскиот во морето на ново лансирани парфеми, не можеме да ги одбиеме шишињата кои уживаат голема популарност на социјалните мрежи. Иако парфемите се прилагодуваат на кожата и мирисаат различно кај сите, милиони корисници на TikTok ги сакаат овие 5 мириси.
Сè што треба да направиме е да им веруваме и да испробаме еден од топ 5-те вирални парфеми на социјалните мрежи:
1. Zara Red Temptation
Ако не можете да си го дозволите парфемот Baccarat Rouge 540, за среќа тиктокерите откри попристапна копија. „Црвеното искушение“ на Zara со ноти на килибар и портокал ќе ве воодушеви со сличноста со луксузното шише.
2. Love, Don’t Be Shy
На социјалните мрежи имаше многу гласини за тоа како мириса Ријана и колку славните се воодушевени од парфемот што го користи. Пред да лансира сопствен парфем Fenty Eau de Parfum, таа го користеше „Love, Don’t Be Shy“, кој го направи исклучително популарен. Овој сладок парфем содржи ноти на роза, нероли, бергамот, розова пиперка, шеќер и карамела.
3. Glossier You
Еден тиктокер го популаризираше „You“ тврдејќи дека непознат маж ја бркал по улица само за да ја праша каков парфем носи. Со ноти на розова пиперка, килибар и ирис, „You“ мириса на топла прегратка или како што вели основачот на Glossier, Емили Вајс, на вратот на вашето момче. Се рекламира како „ултимативниот личен мирис“ во кој оној што го носи е „последната состојка“, што значи дека на секого му мириса различно.
4. Gypsy Water
Ако ги следите трендовите за убавина на TikTok, сигурно во одреден момент ќе наидете на пофалби за парфемите Byredo. Омилен е несомнено Gypsy Water со ноти на бергамот, лимон, бибер, килибар, ванила и сандалово дрво.
5. Baccarat Rouge 540
Оваа листа не можеше без најпопуларниот парфем на TikTok оваа година – унисекс парфемот Baccarat Rouge 540 Eau de Parfum од Maison Francis Kurkdjian. Цветниот мирис содржи ноти на јасмин, шафран, кедрово дрво и килибар, а илјадници корисници на TikTok тврдат дека може да се пофали со завидна долготрајност на кожата.