Податоците се дадени по генерации, и се многу интересни
Веројатно една од најлошите работи што можете да ги направите е да го прашате вашето момче/девојка со колку партнери спиеле пред вас.
И со децении се расправа за тоа кој број на партнери се смета за „нормален“, а кој е претеран.
Се разбира, секој има различно мислење за оваа тема.
Затоа е интересно да се погледнат резултатите од големото британско истражување во кое учествувале неколку илјади луѓе.
Резултатите се поделени по генерации, и се многу интересни.
Бејби бум генерација – од 54 до 72 години
Во просек имале 10,7 сексуални партнери.
Мажите биле малку поактивни со 12,9 партнерки, додека дамите во просек имале 7,4 партнери.
Генерација Х – од 38 до 53 години
Се чини дека членовите на оваа генерација се многу полиберални и од постарите и од помладите – нивниот просек е 13,1 партнери, при што мажите имаат просек од 16,1, а дамите 10,1 партнери.
Миленијалци – од 23 до 37 години
Просекот е 11,6 партнери. Мажите во просек имале 13,4, а жените 10,8 партнери.
Генерација Z – родени по 1995 година
Иако се најмлади, веќе успеале да стигнат до просек од 5,6 партнери.
Многу е индикативно што тука е најизразена разликата меѓу половите – мажите водат со 7,6 партнерки, додека жените во просек имаат само 2,6 партнери.
Околу 14% од сите испитаници изјавиле дека воделе љубов само со една личност.
Од друга страна, само два отсто од испитаниците признале дека имале повеќе од 90 партнери.