Експертите велат: имајте го на ум фактот дека е полесно да ја одржите постоечката телесна тежина отколку да изгубите тежина.
Во лето понудата на лесна храна е многу поголема, а во зима е поинаква. Нормално е дека во зима нашиот организам бара појака, позачинета храна, која ќе ја одржува топлината на неговото тело.
Кои се намирниците кои се вкусни и привлечни, а најмногу дебелеат во зима?
Макарони и сирење: Ова е омилената храна и на децата и на возрасните. Лесно и брзо се подготвува, вкусна е и дава пријатно чувство на ситост. Сепак, содржи многу калории. Ако често го јадете ова јадење, за да го подобрите вашето здравје, купете си нискомаслено сирење и додадете зеленчук. Можете да пробате и интегрални макарони, иако нивниот вкус е сосема поинаков од обичните.
Крем супи: топлите супи делуваат како хранлив и здрав оброк, но овој вид е и богат со калории. Ако внимавате на добриот изглед, заборавете на крем супите и одлучете се за обични, со зеленчук или минестрон.
Чизкејк: Популарниот чизкејк, омилен американски деликатес што го има во сите наши подобри ресторани – има одличен вкус, но е полн со маснотии.
Пити: Различни кремасти пити или пити со сладолед се многу вкусно зимско уживање. Најчесто имаат овошен дел, кој е здрав, но и дел од путер и павлака кој е калоричен.
Колачиња: Многу е погодно кога правиме нешто дома во зима да грицкаме колачиња со таа работа. Обично не ни е грижа колку јадеме, а тие содржат и масти и калории.
Не дозволувајте зимата да остави трага на вашата телесна тежина, реагирајте на време!