Познатиот њујоршки фризер Мет Њуман сподели корисен трик кој може да им олесни на многу жени да ја прикријат седата коса кога немаат при рака лак или немаат време да се фарбаат и да одат на фризер.
На популарната социјална мрежа TikTok често може да се најдат интересни видео совети, кои за миг стануваат вирални кога се квалитетни, а судејќи според коментарите и критиките – ова е еден од нив!
Кога Њуман сфатил дека маскарата за веѓи му е премногу темна, ја искористил за да ја сокрие седата коса, но и визуелно ја направил косата погуста, па ова може да се нарече трик за коса 2 во 1!
Во само неколку потези на маскара, седата коса повеќе не се гледаше, косата изгледаше посвежо, а следеа лајкови и коментари.
Всушност, тој во видеото рече дека ова е стар трик на фризерите кој секогаш добро функционира, бидејќи маскарата содржи и боја и гел.
Освен што ја покрива седата коса, ја „држи косата под контрола“, што е одлично доколку носите пунџа, високо опавче, залижана коса …
@mattloveshair turn that #beautyfail into a #beautyhack 🙌🙌 #browtint