Понекогаш скапите креми со чиј состав, навистина, никогаш не сте целосно запознаени, можете да ги замените со корисни и ефективни препарати од дома.
Белката содржи корисни протеини кои ја затегнуваат кожата и и даваат природен сјај.
Богата е со калиум кој ја хидрира кожата, како и со рибофлавин кој ја чисти од токсините и ја отстранува нечистотијата.
Високиот и природен сјај на кожата и го дава магнезиумот, супстанца која во одредена количина ја има и во белката.
Отстранување на вишокот маснотии
Белките од јајце се покажаа како спас за мрсна кожа, полна со себум и несовршености.
За почеток треба да ја измиете кожата на вратот и деколтето, а потоа на проблематичните делови од кожата нанесете ги белките кои претходно сте ги изматиле со четка.
Чистење на лицето од митесери
Таканаречената „Т зона“ е главна цел на непобедливите митесери кои ефикасно се отстрануваат само со редовни пилинзи и маски.
Кога станува збор за борба против црните точки, една белека може да ви помогне, но и да ви заштеди пари.
Направете фантастична маска премачкувајќи го лицето со белка, а потоа залепете парче салфетка на неа. Потоа уште еднаш премачкајте со белките преку салфетката.
Оставете ја салфетката десетина минути да отстои на вашето лице, а потоа отстранете ја и на тој начин отстранете ги сите црни точки и нечистотија од лицето.
Затегнување на кожата и сјаен тен
Добро изматените белки се одличен препарат за лифтинг
Треба да отстои на вашата кожа околу 20 минути, додека не почувствувате затегнување. Потоа исплакнете со млака вода и кожата ќе биде позатегната, а тенот сјаен.
Овој третман исто така се покажа како ефикасен кога станува збор за борба против упорните мозолчиња.