ДАЛИ ВАШИОТ ПАРТНЕР ГЛУМИ ИЛИ Е ЗАЉУБЕН ВО ВАС: Овие 3 знаци покажуваат дека сте во врска која нема иднина!

23 јануари, 20230
676 (1)

Понекогаш е многу тешко да се процени дали сме во врска со личност која навистина се грижи за нас или само се преправа дека е заљубена.

Како треба да се поставите во таквите врски и дали воопшто треба да останете во нив? Ова прашање им пречи на многу луѓе, кои не се сигурни во верноста и љубовта на партнерот. Сепак, постојат некои знаци кои можат да ви кажат дали вашата врска има иднина. Дознајте повеќе за три такви знаци во следните редови…

Партнерот ви изјавува љубов на социјалните мрежи, но во реалноста е ладен

Објавувањето заеднички фотографии на Инстаграм не мора да ја покажува посветеноста на вашиот партнер кон вас, туку неговата несигурност и потреба да се претстави во најдобро светло пред другите луѓе. Доколку ви недостигаат такви знаци на внимание кога сте сами со партнерот, а тој ги нуди само на интернет или кога сте со пријателите, треба да се запрашате дали во вашата врска се е розово како што досега сте мислеле.

Не правите долгорочни планови

Ако единствениот заеднички план што го правите со партнерот е поврзан со вашиот следен годишен одмор или одење во ресторан, тоа е знак дека тој не размислува многу за иднината со вас и ја гледа вашата романса како нешто што порано или подоцна ќе заврши. Можеби не е соодветно да се разговара за бракот и семејството веднаш по влегувањето во врска со нова личност, но ако по неколку години овие теми сè уште не се на тапет, вашата врска веројатно нема иднина.

Вашиот партнер премногу често се навраќа на своите минати љубови

Многу луѓе не можат да го преболат крајот на нивните претходни романси, но тоа не значи дека е добра идеја да разговарате за нив без престан со вашиот сегашен партнер. Тие само сигнализираат дека не го преболеле бившиот партнер, што открива дека не се 100% посветени на личноста со која моментално се во врска. Нема смисла да го молите партнерот да престане да зборува за неговата стара љубов, бидејќи самиот факт што сака да зборува за тоа покажува дека се уште не е подготвен целосно да ви се посвети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi