ОВА БИЛА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА? Чарлс не ја остварил, а ова може да биде нејзината одмазда?

25 јануари, 20230
Screenshot_3

Принцезата Дијана или „Народната принцеза“, како што многумина ја нарекуваа, е една од оние кои никогаш нема да бидат заборавени, а се уште има приказни за нејзините интервјуа, хуманитарната работа и околностите на нејзината трагична смрт.

 

 

 

Лејди Ди беше посебна и во воспитувањето на нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари, кои морале да се справат со нејзината загуба уште на рана возраст. Имено, принцезата Дијана решила да се „отсели“ од кралските обичаи, па Вилијам и Хари оделе во државни училишта бидејќи сакала тие да живеат како „обични луѓе“.

 

Таа не придавала преголема важност на фактот дека нејзиниот постар син еден ден ќе се искачи на кралскиот трон. Во едно интервју во 1995 година, Дијана зборувала за нејзините желби за идниот крал, принцот Вилијам. Наводно, дури и кралицата Елизабета Втора размислувала да му ја препушти круната и да го прескокне својот син Чарлс.

 

„Чарлс и онака се чувствува многу несигурно поради анкетите кои покажуваат дека Вилијам е многу попопуларен од него меѓу Британците, а исто така знае дека и кралицата е свесна за тоа. Затоа се плаши дека последната желба на Дијана може да се оствари“, изјавил своевремено извор близок до кралското семејство.

 

Тој додал дека тоа би можело да биде „одмаздата на Дијана на Чарлс од гробот“. Британските медиуми го потврдиле тоа бидејќи со години се знаело дека принцезата Дијана има таков став. Сепак, нема официјални тврдења за последните зборови на принцезата пред нејзината смрт.

Да потсетиме, принцезата Дијана загина по сообраќајна несреќа во Париз под сомнителни околности, а додека пожарникар ја вадел од згмечениот автомобил, нејзините последни зборови пред да умре биле: „О, Боже, што се случи?“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş