Внимавајте на оралната хигиена: Следете ги овие правила доколку сакате здрави заби

19 март, 20230
Screenshot_5

Како да ја одржувате оралната хигиена во услови на пандемија. Усната празнина е простор со огромен број на микроорганизми

 

 

 

 

Добрата орална хигиена е важна не само за здравјето на забавите и устата туку и за целокупното здравје на организмот. Сепак, во околности на прогласена пандемија поради вирусот корона и изолираноста на населението и згрижувањето само на итните случаи, од тие правила не е исклучена нити стоматологијата. Затоа се поставува прашањето како да се однесуваме во новонастанатите услови и на што особено треба да водиме сметка.

 

Доколку хигиената на забите и усната празнина не се извршува редовно и на правилен начин, тоа станува погодна средина за развивање на опасни микроорганизми. Тие можат да станат во толкав број што во еден миг можат да ја „скршат“ одбранбената моќ на усната празнина и да доведат до настанување на кариес и парадонтопатија.

За ваквата состојба сме одговорни ние самите. Дома треба два пати дневно да ги миеме забите и во тоа да им помагаме на децата. А во оваа ситуација никој не може да каже дека нема време за тоа.

 

КАКО ПРАВИЛНО ДА ЈА ОДРЖУВАТЕ ХИГИЕНАТА НА УСТАТА И ЗАБИТЕ?

Оралната хигиена подразбира механичко отстранување на наслагите од површината на забите. За тоа користиме четка за заби – интердентални четки, интердентални чечкалици, забен конец и забни тушеви.

Пастата за заби и течноста за плакнење уста се помошни сретства. Тоа значи дека забите можеме да ги миеме и без нив но миењето на забите со нив секако доведува до многу поголема ефикасност. Хигиената на меѓузабниот простор можеби е најважна во вообичаеното миење на забите.

 

Надворешните и внатрешните површини донекаде се чистат со жвакањето на храната, работата на јазикот, усните и образите. Меѓутоа, просторот помеѓу забите е недостижен за оваа врста на хигиена, па микроорганизмите можат несметано да се развијат.

 

Течностите за плакнење уста никако не смеат да бидат замена за механичкото чистење, затоа што не постои хемиско сретство кое може да му наштети на веќе формираната полимикробна заедница на површината на забите, забниот плак и таканаречениот биофилм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *