Шерон Стоун го расплака Светот: „Само што изгубив половина од парите, брат ми почина, а јас имам тумор“

19 март, 20230
Screenshot_6

Холивудската актерка Шерон Стоун неодамна одржа искрен говор на собирот на средства на Фондот за истражување за ракот на жените (WCRF). При прифаќањето на наградата за храброст, таа сподели дека изгубила половина од своето богатство во она што таа го нарече „банкарско нешто“ што се случи неодамна, мислејќи на колапсот на банката во Силиконската долина, пренесува „New York Post“.

 

 

 

И покрај загубата на парите и неодамнешната смрт на нејзиниот брат, Стоун ги охрабри другите да станат и да го ценат својот живот.

 

„Ова не е лесно време за никој од нас. Ова е тешко време во светот, но јас ви кажувам дека немам некој политичар да ми каже што можам а што не можам да правам“ – изјави актерката.

Самата Стоун беше подложена на операција во 2001 година за отстранување на бенигни тумори од градите. Таа зборуваше и за добивањето погрешна дијагноза во ноември, за која се покажа дека е „голем фиброиден тумор“ за кој е потребна операција.

И покрај нејзините борби, Стоун продолжува да ги инспирира другите да имаат храброст и да се залагаат за она во што веруваат, дури и кога ситуацијата станува тешка. Како што рече таа: „Стани и кажи колку вредиш. Те охрабрувам на тоа“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *