„Воден“ ѕид висок 14 метри кој ги воодушевува патниците на најдобриот аеродром на светот

19 ноември, 20230
62675597-odlasci-s-terminala-2-na-changiju-odnedavno-izgledaju-jos-zanimljivije

Аеродромот Чанги во Сингапур и оваа година беше прогласен за најдобар меѓународен аеродром во светот на престижниот натпревар SkyTrax.

Ова не ги изненадува сите оние кои имаа можност да го истражат овој гигантски авијациски центар во Југоисточна Азија, кој зафаќа површина од околу 13 квадратни километри.

Нивните капацитети неодамна се проширени – поточно, просторот на Терминалот 2 е проширен и освежен, па можете да видите прекрасна градина со 20.000 растенија, да јадете некој локален специјалитет во ресторан со панорамски поглед на аеродромот и
да запознете и келнер робот кој им служи бесплатни коктели на патниците.

Најинтересен новитет е секако 14 метри високиот дигитален ѕид наречен Wonderfall, кој се наоѓа во близина на терминалот за поаѓање на патниците, а сите ги остава без зборови кога ќе го видат.

Тоа е всушност џиновски заоблен LED екран широк 17 метри кој покажува континуиран проток на вода придружен со оригинална композиција од пијанистот Жан Мишел Блејс.

Неверојатната сцена која ги комбинира природата и модерната технологија е дизајнирана да ги смири сетилата на патниците додека го чекаат својот лет.

Ако погледнете малку подобро во надојдената вода, ќе видите виножито и неколку риби, како и птица како лета над водопадот. На секои половина час започнува специјално четириминутно шоу кое ќе ги предизвика сите сетила.

Како изгледа Wonderfall на најдобриот аеродром во светот, погледнете во видеото на YouTube каналот на Changi Airport подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi